ПМФЛ: Струга ТЛ сака крај на црната серија а Шкендија сака “четири од четири“ пролетва! Тиквеш оди на победа со Шкупи!

154

Денеска од 14 часот се играат сите шест средби од 22.коло или последно во вториот круг за тековната сезона. Некаде после 16 часот ќе се знае и целиот распоред по “Бергер“ за третиот круг, односно за последните 11 кола.

Покрај скопското дерби меѓу Работнички и Вардар, кое се игра на ФФМ, јасно е дека денеска вниманието ќе биде свртено кон дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија. Меѓу актуелниот шампион и веројатно идниот шампион, како што сега стојат работите на табелата.May be an image of 6 people, people playing soccer, people playing football and text

Струга ТЛ е во голема резултатска криза. На првите три меча оваа пролет не освои ниту бод, има три порази па токму затоа стружани и се “острат“ на Шкендија денеска со победа колку толку да го залечат раните. За разлика од нив тетовци силовито ја започнаа пролетната полусезона. И затоа сакаат и четврта победа во низа, или вкупно петта со таа од Купот оваа пролет.

Супер интересно ќе биде и во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува Шкупи. Ова за домашните ќе биде еден од најважните мечеви сезонава, а Шкупи исто како и Шкендија оди по “четири од четири“ оваа пролет.

Во Гостивар силите ќе ги одмерат Беса и Силекс, навистина ќе биде “жешко“ на оваа средба со оглед на тоа дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни.

Пелистер ја пречекува Воска, а во Струмица играат Брера и Гостивар.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч

Кавадарци: Тиквеш – Шкупи

Битола: Пелистер – Воска

Струмица: Брера – Гостивар

Скопје: Работнички – Вардар

Гостивар: Беса – Силекс

Струга: Струга ТЛ – Шкендија

ТАБЕЛА

Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга ТЛ 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15…

ПретходноАлварез испрати порака до Реал пред реваншот!
СледноСРЕЌЕН ФЕВРУАРИ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите 54.535..407 денари