Астон Вила се враќа со победа од Белгија и чекори кон четвртфиналето

42

Фудбалерите на Астон Вила остварија победа од 1:3 на гостувањето кај Бриж во првотоосминафинале од Лигата на шампионите и сериозно зачекорија кон четвртфиналето на најсилното европско клупско натпреварување. Гостите несомнено беа подобар противник од Бриж и на крајот сосема заслужено дојдоа и до убедлива победа.

со голот на Лион Бејли во 3. минута гостите дојдоа до водство од 0:1, но само 9 минути подоцна Де Кујпер успеа да ја врати радоста на лицата на домашнитенавивачи израмнувајќи на 1:1.

Во второто полувреме и двата тима имаа свои периоди на доминација. Во финишот една грешка на мехеле кој погоди во сопствената мрежа во 82. минута како да ги „покоси“ домашните. Шест минути подоцна Астон Вила доби и пенал, кој Марко Асенсио го претвори во конечни 1:3.

ПретходноСтавре Јада 107. на трката на 10 км класичен стил на СП во Трондхајм
СледноПикси го објави списокот за дуелите против Австрија