ЛШ: Брахим Диаз донесе победа за Реал, Арсенал е веќе во четвртфинале (ВИДЕО)

254

Реал (М) славеше со 2:1 во првото големо мадридско дерби во осминафиналето на Лигата на шампионите. На својот стадион, момците на Карло Анчелоти по голема борба успеаја да дојдат до минимална предност над својот лут ривал Атлетико (М), пред реваншот кој следува на „Метрополитано“.

Реал дојде во водство прилично брзо. Уште во 4. минута Родриго искористи една грешка на гостинскиот дефанзивец Галан и со прекрасен погодок го донесе кралскиот клуб во водство од 1:0. Атлетико притисна и кон средината на првото полувреме во 32. минута со еден прекрасен погодок, Хулиан Алварез донесе израмнување за гостите на 1:1.

Момент на одлука беше 55. минута, кога Брахим Диаз имаше еден виртуозен потег во шеснаесетникот на гостите, успеа да си направи простор за шут и велемајсторски го матираше Облак за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на средбата.

Екипата на Арсенал веќе и официјално може да ја прогласиме за прв учесник во четвртфиналето на Лигата на шампионите оваа сезона. Вечерва во Ајндховен, „топчиите“ подготвија вистинска канонада кон голот на домашните и на крајот постигнаа 7 гола во мрежата на ПСВ со кои само чиста формалност останува реваншот за седум дена во Лондон.

Арсенал поведе преку Тимбер во 18. минута, а три минути подоцна Нваниери зголеми на 0:2. Во 31. минута со голот на Мерино, Арсенал веќе поведе и со 0:3, па до крајот на првиот дел видовме и почесен гол за домашните кој го постигна Ланг од белата точка. Вториот дел донесе нова доминација на гостите и уште три гола во домашната мрежа. Двапати погоди Мартин Одегард, а по еднаш и Тросар и Калафиори.

Борусија (Д) ги разочара домашните фанови, откако одигра само 1:1 против Лил. Домашните тргнаа јрабро и со голот на Адејеми во 22. минута поведоа со 1:0. Ова водство го одржаа во првиот дел, а и се до 68. минута, кога по едно одлично додавање во шеснаесетникот на Германците, Харалдсон биеше во пад и го совлада Кобел за 1:1.

Фудбал, Лига на шампиони – 1/8 финале

први натпревари:

Клуб Бриж – Астон Вила  1-3

Борусија Дортмунд – Лил  1-1 

ПСВ – Арсенал  1-7

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид  2-1

ПретходноКонсеисао: Неколку фудбалери на Милан се премногу дебели!
СледноНоќ за паметење во ЛА: Џејмс влезе во историјата на НБА, Дончиќ покажа сила (ВИДЕО)