Неверојатен, шокантен пад во кариерата на фудбалерот кој требаше да биде новиот Меси. Се разбира дека тука мислиме на Ансу Фати, некогаш најголемиот талент на Барселона и светскиот фудбал.
Кога се појави на сцената пред 5-6 години јасно беше дека е мега – талент, дека ги ма сите предиспозиции да го замени Лео Меси прво во Барса а потоа и во светскиот фудбал.
Но некои работи во животот и посебно во фудбалот не одат како што можеш да ги посакаш. Повредите, позајмицата во Брајтон каде што не се покажа најдобро.
И тоа делуваше отрезнувачки за младиот Фати кој доби уверување од Ханси Флик дека ќе добие шанса. Доби, ама не ја искористи и затоа порака на Германецот беше дека тој на него не смета во следната сезона и дека најдобро ќе биде да си побара нова средина.
Па така со оглед на повредата на коленото и фактот дека не е баран на фудбалската берза, Ансу Фати во јуни ќе прави сензационален трансфер, барем според медиумите во Шпанија.
Се говори дека младиот напаѓач има убави понуди од клубови од Катар и С. Арабија и подготвен една од тие и да прифати.