Вечерва легендарниот вардарец се простува од ЛШ!

337

Еднаш вардарец, засекогаш вардарец. Посебно ако се знае дека токму ти си еден од најзаслужните што РК Вардар освои две титули во ЛШ и тоа во 2017 и 2019 година.

Секако дека мислиме на Тимур Дибиров, легендата на “црвено – црните“ кој вечерва како лево крило на Загреб се простува од Лигата на Шампионите. Ова за рускиот ракометар ќе биде последен меч во елитната ракометна лига во која остави траен белег со настапи во 21 сезона.

Вечерва неговиот Загреб во меч од 14.коло против Киелце, се простува од настапите во ЛШ за сезонава а тоа значи дека и Тимур се простува ако се знае дека тој по завршување на сезонава ќе оди во играчка пензија.

Играше за Чеховски Медведи, потоа една деценија беше миленик на вардаровите и македонските ракометни фанови, за таа 21 сезона во ЛШ има постигнато повеќе од 1.200 голови, а од пред три години го носи дресот на Загреб.

Вистинска ракометна легенда во вистинска смисла на зборот.

ПретходноЛШ 1/8 финале: Спектакл во Париз – Дембеле VS Салах, Барса гостува во Лисабон, германско дерби во Минхен…
СледноВчера Реал Мадрид го одигра јубилејниот 500-ти меч во КЕШ/ЛШ!