Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека е казнет со суспензија од 9 месеци поради инцидентот во кој со главата го удри судијата на последниот натпревар на Лион против Брест во француската Лига 1. Фонсека, кој го презеде Лион на крајот на јануари, а веќе е во центарот на огромен скандал кој носи и сериозни последици.
Неговата казна вклучува забрана за водење натпревари и престој на клупата до 30 ноември. До 15 септември нема да може да влезе во соблекувалната на тимот, а по тој период ќе биде целосно изолиран од активностите на теренот.
Раководството на Лион се уште нема донесено конечна одлука во врска со неговата иднина, но се чини малку веројатно дека тој ќе остане на својата позиција, бидејќи суспензијата го прави практично бескорисен за тимот.