Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета би можел да добие доживотна забрана за настапи на фудбалските терени поради намерно добивање жолт картон. Во мај минатата година, Фудбалската асоцијација на Англија формално го обвини играчот на Вест Хем за „влијание на текот на натпреварите“. Причина се четирите жолти картони кои Бразилецот ги доби на натпреварите против Лестер, Астон Вила, Лидс и Борнмут меѓу ноември 2022 и август 2023 година.
Беше објавено дека самиот фудбалер, како и околу 60 негови пријатели, познаници и роднини во Бразил, ставиле облози од 7 до 400 фунти на играчот да добие жолт картон на спорните натпревари. Вкупната добивка изнесувала над 100.000 фунти. Тринеделното рочиште за случајот на Пакета ќе започне во март. Според Скај Спортс, ФА ќе бара доживотна суспензија за играчот на Вест Хем.