Лаутарo: Сакам да ја завршам кариерата во Интер

48

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез по вчерашниот меч со Феенорд во Лигата на шампионите, за италијанските медиуми изјави дека сака остатокот од кариерата да го помине во Интер.

Аргентинецот го постигна вториот гол за миланскиот клуб против Феенорд и стана најдобриот стрелец на Интер во Лигата на шампионите во историјата. По победата Лаутаро озјави дека сака остатокот од кариерата би сакал да го помине во Милано.

„Го сакам овој клуб и се чувствувам се подобро секој ден. Потпишав продолжување на договорот летово, иако имав многу други понуди. Со задоволство би останал во клубот и до крајот на кариерата. Среќен сум и горд што го носам дресот на Интер“, изјави Лаутаро.

27-годишниот Мартинез игра за Интер од летото 2018. За клубот одигра 319 натпревари, постигна 146 гола и направи 49 асистенции.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Илчо Ѓорѓиоски (Струга ТЛ)
СледноАлисон се израмни со Лунин и Куртоа