По трите порази во првите три кола, Струга ТЛ конечно заигра како што треба и токму против Шкендија успеа да постигне победа, прва пролетна и да ги освои првите три бода.
Блескаше стоперот Сава Радиќ кој на тетовци им даде два од трите гола, токму затоа според “СпортСпорт“ тој е играч на колото. Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ е и Шабани. Тука се и Василев и Ервин (Гостивар), Мојсов и Садик (Тиквеш), Донгмо и Спахиу (Вардар), Хрвановиќ и Алиќ (Силекс), како и Бошковски (Пелистер).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
САВА РАДИЌ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 04.03.1998 (Србија)
Кариера: Чукарички, Бечеј, Трајал, Бачка, Дубочица, Брера, Струга ТЛ