Во својот втор меч како стратег на шампионот, Илчо Ѓорѓиоски според сите параметри е и тренер на ова 22.коло. Кога ќе се победи Шкендија со 3:0, кога ќе се надигра лидерот во секој поглед и убедливо порази, тогаш јасно е кој е тренер на колото.
Конечно Струга ТЛ во својот четврти меч оваа пролет во ПМФЛ, одигра како што и доликува. По поразите од Гостивар, Вардар и Силекс, шампионот вчера просто “експлодира“ против тетовските “црвено – црни“.
Реално Струга ТЛ ги загуби шансите за титулата, но затоа тука е Купот на Македонија а и третото место во шампионатот кое води во фудбалска Европа.
Секако дека ова беше и деби победа на Илчо на клупата на Струга ТЛ.