Иако победничкиот гол за тимот на Ливерпул синоќа на дуелот од Лигата на Шампионите против тимот на ПСЖ го постигна резервистот Елиот, сепак, вистинскиот херој е голманот Алисон.
Тој имаше огромен број на интервенции на овој меч, и вистински го спаси тимот од дебакл. Наспроти тоа, беше награден со победнички гол со што Ливерпул заврши огромна работа во двомечот со ПСЖ.
Алисон воедно и се израмни со голманите на Реал, Лунин и Куртоа, по бројот на одбрани во еден елиминационен меч од ЛШ. Алисон застана на девет одбрани колку што имаше и Лунин кој забележа 9 одбрани против РБ Лајпциг во февруари 2024 година, додека Куртоа имаше 9 интервенции во финалето со Ливерпул во 2022 година.