ПСЖ повторно е рекордер по исплатени плати во една сезона – 658 милиони евра!

113

Според извештајот на УЕФА, францускиот шампион ПСЖ потрошил најмногу пари за плати од сите европските клубови во сезоната 2023/24. Според објавата на Европската куќа на фудбалот, парижани само за плати во една сезона исплатиле неверојатни 658 милиони евра.

Во 10-те клубови со најголеми плати се најдоа и шест клубови од Англија, два од Шпанија и еден од Германија.

Зад екипата на ПСЖ со скоро 130 милиони евра помали плати е Манчестер Сити (554 милиони евра), а по нив шпанските гиганти Реал Мадрид (505 мил.) и Барселона (476 мил.). Лидерот во антглиската Премиерлига, Ливерпул е на петтото место на оваа листа со годишни плати од 449 милиони евра. Интересно, во ТОП 10 листата нема ниту еден италијански клуб.

ПретходноЦЕВ ја одреди саатницата: Одбојкарите против Финска на 7 јуни од 15 часот
СледноХамилтон: Јас и Леклер сме најсилниот тимски пар во историјата на Ф1