Официјално: Кадилак со свој тим во Ф1 од 2026! (ВИДЕО)

86

И официјално, во сезоната 2026, Формула 1 ќе има 11 тимови. Познатиот автомобилски гигант, Кадилак ќе има свој тим. Како што беше објавено, Кадилак ги има исполнето сите потребни критериуми и затоа доби -ДА, за да учествува во трките кои во последно време и тоа како се интересни. Јасно дека ГМ како концерн имаше намера да влезе во целата оваа комбинација и успеа во тоа.

Кадилак Ф1 оперира од неколку локации во светот, а се очекува својот дом сепак да го има на Силверстон во Англија.

Интересно е тоа што во моментов најмалку 200 лица работат на подобрување на аеродинамиката, шасијата, развојните компоненти и се што треба за да се биде подготвен во целост за стартот на сезоната 2026.

ПретходноРоналдо го постигна својот 926-ти гол во кариерата! (ВИДЕО)
СледноНБА не памети ваква партија: Брутален трипл-дабл на Јокиќ за историја (ВИДЕО)