0
Вардар 1961 во ново руво, со многу малку „материјал“ од златната генерација ќе влезе во новата сезона. Токму бројните играчи промени, како и смената во стручниот штаб, бараат време за воигрување.
Тимур Дибиров на прес-конференцијата по повод промоцијата на новите дресови беше реален.
„Илузорно е да помислиме дека сега уште од старт ќе газиме. Нормално е и за нас, и за Вујовиќ да има простор за подготовка. Се уште се навикнуваме. Имаме и нов тренер и многу нови играчи. Ќе биде тешка сезона, тоа го знам, но ќе се бориме. Секој ден е нов и мора да се подготвиме за секој нов меч“, изјави Дибиров.