Тукушто заврши 20. рунда од ВМФЛ шампионатот на Македонија. Во него, лидерот Македонија ЃП не успеа да слави на гостувањето кај Каменица Саса и одигра само 0:0.
Од друга страна пак тимот на Башкими на свој терен суверено триумфираше над Охрид со 3:0, додека пак Беласица со 0:1 славеше во Прилеп кај Победа.
Во источното дерби, тимот на Брегалница победи над Осогово со 1:2, додека пак во битката за дното, Вардарски го совлада Борец на свој терен со 2:0.
Арсими пак немаше поголеми проблеми на гостувањето кај Новаци и победи со 0:2.
Со ова, ситуацијата во второлигашката конкуренција и тоа како се комплицира. Досегашниот суверен лидер, тимот на Македонија ЃП веќе трет пат пролетва киксира, и по поразите од Башкими и Победа, еве сега одигра и реми во Каменица. Од друга страна Башкими тоа го користи, па сега заедно со МЃП има идентичен број на бодови на врвот, 45. Брегалница е трета со два поба помалку, додека Арсими е четврти со 39. поени.
Резултати 20. коло ВМФЛ:
Каменица Саса – Македонија ЃП 0:0
Башкими – Охрид 3:0
Осогово – Брегалница 1:2
Победа – Беласица 0:1
Вардарски – Борец 2:0
Вардар Н. – Кожуф 0:2
Новаци – Арсими 0:2
Скопје – Детонит Плачковица 2:2