И официјално, вечерашниот меч во Ла Лига, меѓу Барселона и Осасуна, кој требаше да започне од 21 часот, нема да се игра. Истиот е одложен а кога ќе се игра ќе се знае дополнително.
Ова е поради тоа во меѓувреме починал главниот доктор на тимот на Барселона.
Интересно е тоа што играчите на двата тима го почнале загревањето, ама на половина час пред почетокот на мечот одлучено е сепак вечерва на “Монжуик“ да нема фудбал.