Како Милан, така и Интер: И шампионот губеше со 0:2, па победи со 3:2!

133

Интер – Монца 3:2 е епилогот од вечерашниот дуел на “Меаца“ во Милано. Се мислеше дека шампионот со половина сили ќе го реши фенерџијата, но така не мислеа гостите кои во првото полувреме имаа водство и со 0:2, со головите на Бириндели и Балде. Тоа беше шок за сите во редовите на Интер, домашните фанови не можеа да поверуваат во тоа што го гледаат, но Арнаутовиќ погоди за 1:2, со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме, очекувано Интер тргна со сите сили и успеа да направи пресврт и да дојде до победа од 3:2. Прво Чалханоглу погоди за 2:2, за да во 78.Киријакопулос си даде автогол за конечна победа за Интер. Овој гол за Интер беше признат по реакцијата од ВАР, само милиметри топката беше зад гол линијата.

Значи како Милан, така и Интер. И Милан губеше денеска со 2:0 кај Лече па победи со 2:3, еве вечерва и градскиот ривал губеше со 0:2 па и тој победи со 3:2.

Сега Интер како прв има +4 бода во однос на вториот Наполи.

Претходно“Никогаш не сум го видел Леброн вака среќен со Лука во тимот“!
СледноЕвертон со бод на гости кај “волците“