Евертон со бод на гости кај “волците“

44

Во последниот саботен меч од 28.коло во Премиерлигата, вечерва Вулверхемптон и Евертон одиграа без победник 1:1. Ова е трето во серија реми за “карамелите“, кои сега имаат 33 бода и се на 13.место на табелата, додека “волците“ имаа само 23 бода и се на 17.место.

Интересен меч во секој случај. Гостите поведоа со голот на Харисон во 33.минута за 0:1, но само седум минути подоцна домашните преку Мунетси израмнија на 1:1, ова се покажа на крајот дека е и конечен резултат.

Домашните го имаа поседот на топката во второто полувреме, но се беше бадијала. Од друга страна гостите во 72.минута имаа шанса за победа, но Бето не успеа да се запише во листата на стрелците.

ПретходноКако Милан, така и Интер: И шампионот губеше со 0:2, па победи со 3:2!
СледноДончиќ го доживеа првиот пораз со Лејкерс, но то не е единствената лоша вест (ВИДЕО)