Попладнево од 14 часот на програмата се пет средби од 23.коло или прво во третиот круг во тековната сезона. Јасно е дека дербито се игра во Кратово каде силите ќе ги одмерат Силекс и Вардар.
Интересно ќе биде во Струга, во “Еезерското дерби“ во кое шампионот го дочекува составот на Воска од Охрид. Ќе видиме дали Струга ТЛ и дефинитивно излегува од кризата или убедливиот триумф против Шкендија во средата бил само еден добар меч.
Пелистер му гостува на лидерот под Шара, на овој меч Шкендија не смее да си дозволи нов кикс, овој меч четата на стратегот Јетон Беќири мора да го добие.
Гостивар игра на Маџари со Брера и се освен победа ќе биде катастрофа за составот на тренерот Мерт Нобре и неговите амбиции, барем за излез во Европа.
Беса гостува кај Шкупи на Чаир во очекување на првиот пролетен гол. Да се потсетиме дека во изминатите четири меча во оваа пролетна полусезона, тимот на Горазд Михаилов сеуште нема постигнато гол.
Натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш на ФФМ, се игра во понеделник.
ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Тетово: Шкендија – Пелистер
Кратово: Силекс – Вардар
Скопје: Гостивар – Брера
Струга: Струга ТЛ – Воска
Скопје: Шкупи – Беса
ПОНЕДЕЛНИК (14 Ч)
Скопје: Работнички – Тиквеш
ТАБЕЛА
Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга ТЛ 35, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 20, Брера 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15 бодови