Новак Ѓоковиќ е елиминиран во првиот настап на овогодинешниот Мастерс во Индијан Велс. На еден од најсилните турнири, кој го освои рекордни пет пати, српскиот шампион беше елиминиран во второто коло од холандскиот аутсајдер Ботиќ ван де Зандшулп, кој победи со 6:2, 3:6, 6:1. Ѓоковиќ (36).
Најголемиот тенисер во историјата, беше елиминиран од седум години помладиот ривал, 85. светски тенисер, кој нема освоено ниту еден турнир во кариерата.
Пласман во второто коло обезбеди Карлос Алкараз кој беше подобар од Квентин Хелис од Франција со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.