Мајк Тајсон е еден од најдобрите, ако не и најдобар во историјата боксер во тешка категорија. Беше најмлад светски првак, а во зенитот на својата кариера едноставно беше непобедлив. Најчесто со нокаут ги завршуваше борбите, кој и да влезеше во ринг со него, минуваше многу лошо.
Сепак имало еден боксер од кого имал страв, со кого никако не сакал да ги вкрсти ракавиците, а тоа да ти бил Џорџ Фореман, кок беше најстаиот светски прва во тешка категорија.
Во 1990 година кога Фореман му се врати на боксот, имало преговори да има борба со Тајсон, но до такво нешто не дошло:
Менаџерите на Тајсон го убедувале да прифати меч со Фореман, ама Мајк не сакал ни да чуе:
“Нема да боксувам со тоа животно. Ако сакате вие да боксувате со него, нема проблем, повелете“.
И самиот Фореман не бил многу воодушевен од тоа да боксува со тогаш далеку помладиот Тајсон:
“Беше кошмар за сите во рингот. Не сакав да имам ништо со него. Мајк беше чудовиште. Едноставно, никако не сакав да боксувам со него“ посочи Фореман.