ЏК Суперџудо одлично се претстави на штотуку одржаното државно првенство за деца во Скопје. Амбициозниот клуб собра еден куп медали и одличја и тоа е само уште еден доказ за одличната работа на тренерите но и на младите џудисти во изминатиот период.
За време на викендот, натпреварувачите во возрасната категорија Деца ги започнаа натпреварите за 2025 година. Па така на Државниот натпревар во Скопје, екипата на ЏК Суперџудо се покажа во вистинско светло, освојувајќи медали во сите категории.
Резултати:
Ерик Антон Калин Намичев злато
Давид Стојановски Андреј Трајковски сребро
Бојана Талевска Димитар Марковски Мила Јанура Коста Илиевски Ведран Манојлов Иван Матевски бронза