Ништо ново, Нејмар е повреден

97

Многу одамна, бразилецот Нејмар не е повеќе елитен фудбалер. Сакале тоа да го признаат или не и тој и тие кои што сеуште веруваат во него, но Нејмар и на Блискиот Исток, а еве сега и откако се врати во матичниот Сантос е далеку од сериозен играч.

Туку што ја стартуваше авантурата во Сантос тој е во „аут“ поради повреда. Нешто што е многу честа појава кај него со години.

Каде и да оди, Нејмар го прогонуваат повреди. Без разлика во кој тим е, Бразилецот доживува проблеми. Сега ѕвездата на Сантос ја чека нова пауза.

Нејмар имаше проблеми во четвртфиналниот натпревар од плејофот на бразилската Паулиста, поради што го напушти теренот во 76. минута. Во полуфиналето против Коринтијанс не успеа да му помогне на својот тим и Сантос претрпе пораз од 1-2.

„За жал, чувствувам болка во последните неколку недели. Навистина сакав да му помогнам на тимот, ги направивме тестовите, но повторно почувствував болка“, сподели Нејмар на социјалните мрежи.

 

ПретходноТер Штеген се разведува, жена му го изневерила со тренерот
СледноИвановски во квалификациско финале на ИТФ турнирот во Пореч