Бруклин Нетс на домашен терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 111-108. Лука Дончиќ го забележа вториот трипл-дабл како член на Лејкерси, со 22 поени, 12 асистенции и 12 скока.
Лејкерси настапија без Леброн Џејмс, кој поради повреда на препоните ќе биде надвор од терените од една до две недели. Во негово отсуство, Лејкерси го претрпеа вториот последователен пораз по осум победи во низа.
Нетси одиграа многу цврста одбрана против Лејкерси, а тоа не му се допадна на Дончиќ, ниту пак некои судиски одлуки. Во еден момент на неговото преврзано колено се гледаше крв, а тој заработи техничка грешка поради тоа што се жалеше на судиите.
Тој индиректно го коментираше судењето на прес-конференцијата по натпреварот.
„Беа многу груби, многу груби. Мислам дека тоа не е фер, но сепак треба да ја играме нашата игра и да продолжиме“, изјави словенечката суперѕвезда.
На прашањето дали сака да разјасни за што точно зборува, тој само додаде:
„Нема да кажам ништо повеќе, но мислам дека сите што го гледаа натпреварот многу добро знаат што се случи, видовте се“.
Лејкерси имаат два дена одмор, а потоа играат на гости кај Милвоки Бакс.