Благотиншек не го плашат полните трибини во Скопје: Ние живееме за вакви натпевари!

199
ARCHIV - Wechselt 2023 nach Flensburg: Blaz Blagotinsek. Foto: Soeren Stache/dpa-Zentralbild/dpa

Блаж Благотиншек, ќе биде дел од репрезентацијата на Словенија на двмочеот со Македонија. Првата средба во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ пред полни трибини. Иако Словенците се свесни дека нашата репрезентација со поддршка од фановите секогаш е посилна, сепак тоа не го плаши искусниот дефанзивец.

„Очекувам тежок меч во Скопје. Свесни сме дека салата е распродадена веќе подолго време, исто знаеме дека Македонија има многу жестоки и страствени навивачи. На последното Светско првенство, тие покажаа дека се со својот тим. Но, ние живееме за вакви натпевари, па така едвај чекам на дуелот“, изјави Благотиншек за тамошните медиуми.

Втората средба меѓу Македонија и Словенија се игра на 16. март во Копер.

ПретходноРакометарите на прием во Владата, за пласманот на СП ќе добијат зголемена премија од 3 милиони денари (ФОТО)
СледноУ-17: Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Шкотска