По завршување на сезоната Миркуловски си оди од Вецлар!

240

И официјално, Филип Миркуловски по завршување на сезоната си оди од Вецлар, од тиимот каде беше во последни десет години. И тоа прво како играч (2015-2022) потоа како играч и тренер (2020-2022), кусо време беше и главен стратег на Вецлар за да потоа беше прв асистент во стручниот штаб на овој германски клуб.

Би сакале да му се заблагодариме на Филип од се срце за неговата вредна работа и неговата неуморна посветеност на ХСГ Вецлар“, рече Јасмин Чамџиќ, спортскиот директор на зелено-белите.

Тој отсекогаш бил целосно посветен на клубот – и на теренот и надвор од него – и одигра важна улога во тоа да ни помогне да ги постигнеме нашите цели во ова време. Му посакуваме се најдобро во неговата професионална и приватна иднина“.

Миркуловски до крајот на сезоната ќе има настапено на над 300 прволигаши за ХСГ Вецлар.

Благодарен сум за времето што го поминав овде како играч и за можноста да се докажам и да се развивам како тренер“, изјави Миркуловски за клупскиот сајт.

Секако дека сум и тажен што повеќе нема да бидам дел од тимот. Во моментов ги разгледувам моите можности за кариера за во иднина. Но, сè уште не е донесена одлука“.

Претходно“Бомбата“ на Кузмановски во ТОП 10 голови во групната фаза во ЛШ! (ВИДЕО)
СледноРакометарите на прием во Владата, за пласманот на СП ќе добијат зголемена премија од 3 милиони денари (ФОТО)