ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Јамал и Рафиња имаат шоу, Барса веќе гледа кон четвртфиналето (ВИДЕО)

136

Барселона има предност од 3:1 на полувремето од реванш осминафиналениот дуел со Бенфика и се наоѓа на само 45 минути од пласман во четвртфиналето. Ламине Јамал и Рафиња вечерва имаа свое шоу во првото полувреме во Барселона и со погодоци и асистенции ги оставија без одговор гостите од Лисабон.

Рафиња по една извонредна асистенција на Јамал го отвори резултатот во 11. минута (ВИДЕО), но две минути подоцна Отаменди израмни на 1:1. Јамал со еден фантастичен гол во 27. минута ја врати Барселона во водство (2:1), додека Рафиња во 42. минута со својот втор гол ги однесе Каталонците на пауза со високи 3:1.

ПретходноИлиески со гол му донесе победа на Феризај (ВИДЕО)
СледноШтип УГД повторно ја совлада Струмица и го презема врвот во домашното првенство