ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: ПСЖ води во Англија, Феенорд извади реми на полувреме во Милано

77

Фудбалерите на ПСЖ водат со 0:1 на полувреме во Англија против Ливерпул и со тоа успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч во Париз. Среќен погодок за Французите во 12. минута, откако Дембеле ја искористи лошата координација меѓу голманот на домашните алисон и дефанзивецот Конате и успеа да собере еден отпадок и да го испрати во мрежата на домашните. Сомнителна ситуација имаше во 45. минута кога Собослаи беше фаулиран во шеснаесетникот на ПСЖ, но судиите не застанаа ниту да ја проверат ситуацијата на ВАР.

Интер и Феенорд одиграа 1:1 по првиот дел во Милано. Таму Турам ги донесе нероаѕурите во водство од 1:0 во 8. минута, додека Модерод пенал во 42. минута израмни на 1:1.

Единствено без голови на полувреме беше во Леверкузен, каде Баерн (М) ја задржува високата предност од првиот меч од 0:3.

ПретходноХелмут Марко: Како што стојат работите, Мекларен ќе доминира оваа Ф1 сезона!
СледноХанси Флик одлучи: “Вие двајца останувате, а ти можеш да си одиш!“