ЛШ: Продолженија на „Енфилд“, Интер и Баерн (М) повторно славеа за четвртфинале (ВИДЕО)

198

Екипите на Баерн (М) и Интер и се приклучија на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва во реванп дуелите од осминафиналето, ниту Баерн, ниту Интер не дозволија изненадувања и само ги потврдија добрите резултати од првите средби кои ги лансираа кон следната нокаут-рунда во најсилното европско натпреварување.

Интер на домашен терен со 2:1 го совлада Феенорд и со вкупни (4:!) обезбеди место во четвртфиналето. Домашните поведоа преку Турам во 8. минута, гостите израмнија од пенал во 42. минута преку Модер, додека Интер до втора победа дојде исто така од пенал со голот на Чалханоглу во 51. минута.

Баер (Л) и вторпат загуби од Баерн (М), овој пат дома со 0:2. И двата гола за гостите беа постигнати во вториот дел. Кејн отвори во 52. минута за 0:1, додека конечните 0:2 ги постави Антонио Дејвис во 71. минута. Баерн (М) со вкупни 5:0 оди во четвртфиналето.

Драмата во Ливерпул ќе има дополнителни 30 минути. Во регуларниот дел ПСЖ славеше со идентични 1:0 како и Ливерпул на првиот меч. Голот на Дембеле во 12. минута им донесе на гостите продолженија. Ливерпул имаше бројни шанси, но ниту една не успеа да претвори во гол.

ПретходноНајдобриот фудбалер на Кремонезе суспендиран на 10 средби поради расизам
СледноЛШ: ПСЖ на пенали го елиминираше Ливерпул за четвртфинале во ЛШ