„Оле, Оле, Винисиус е шимпанзо“ – навивачите на Атлетико со жестоки навреди кон фудбалерот на Реал

492

Мадридското дерби во Лигата на Шампионите е дефинитивно еден од најинтересните и најнеизвесните натпревари во вечерашната програма. Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ни пружија одлична забава во првото полувреме, но сепак натпреварот помеѓу овие две екипи не можеше да помине без контроверзи.

Имено пред почетокот на натпреварот навивачите на Ванда Метрополитано скандираа погрдни зборови кон фудбалерите на Реал Мадрид, а посебно кон Винисиус Жуниор. Навивачите на Атлетико извикувале „Оле, Оле, Винисиус е шимпанзо“ пред почетокот на натпреварот. Сепак овие расистички изјави не беа санкционирани од одговорните лица на стадионот во Мадрид.

ПретходноАрсенал и Астон Вила потврдија четвртфинале, мадридските ривали одат на продолженија (ВИДЕО)
СледноЛШ: Пеналите го однесоа Реал во четвртфинале, познати комплетните двојки (ВИДЕО)