Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи го градскиот ривал Атлетико Мадрид после изведување на пенали.
Откако првите тројца играчи за Атлетико беа прецизни, Хулијан Алварез го постигна четвртиот гол, но по прегледот на видеото, неговиот гол беше поништен поради двоен контакт. Ова го коментираа тренерот на Атлетико Диего Симеоне и играчите. Тие подоцна беа критикувани од Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид кој се стекна со слава бранејќи за Атлетико.
„Почувствував дека нешто чудно се случува, па му кажавме директно на судијата, а потоа беше потврдено дека навистина имало двоен допир на топката и голот е правилно поништен. Алварез се лизна и ја допре топката двапати и тоа беше промашен пенал. Не можете двапати да ја допрете топката. Немаше среќа, но тоа се правилата.
Симеоне рече дека е неправедно да се поништи пеналот на Алварез? Мислам дека УЕФА јасно гледа што се случува. Уморен сум од тоа постојано да се прави жртва, постојано да плаче поради вакви работи“, изјави белгискиот голман за шпанските медиуми по натпреварот.