Тепачка во НБА: Боречки зафат и вистински хаос (ВИДЕО)

287

Целосен хаос во НБА и тепачка среде натпреварот помеѓу Хјустон и Феникс. Двајца центри влегоа во физичка пресметка кон крајот на втората четвртина – Мејсон Пламли и Стивен Адамс. Сите се вклучија, играчите од двата тима скокнаа, се обидоа да ги разделат, а се вклучија и судиите.

Се изгледаше сосема безопасно, Џејлен Грин шутираше од полудистанца додека двајцата центри во рекетот се бореа за одбиена топка. Прво имаше мало туркање, а потоа и физичка пресметка. Пламли се заби во лицето на Адамс, кој не сакаше да возврати, иако ги испружи рацете додека се обидуваше да го оттурне.

Сите играчи со помош на стручниот штаб и судиите интервенираа и некако успеаја да спречат се да ескалира. Судиите го погледнаа видеото и донесоа очекувана одлука да ги исклучат двајцата играчи. Се очекува да добие дополнителни суспензии од НБА.

 

ПретходноФатмир Бафто ќе го суди дербито Вардар – Шкендија
СледноПодгответе се за адреналин и возбуда, доаѓа FIS Snowboard Cup 2025!