Бадијала одличниот настап на Ти-Џеј Шортс за својот Париз на гостувањето кај Жалгирис. Имено вечерва во меч од 29.коло во Евролигата, литванскиот тим успеа со 83:81 да слави над Париз. Македонскиот репрезентативец успеа да постигне 21 поени, имаше и 2 скока и 4 асистенции.
Каков шок за Ц. Звезда и тоа среде Белград. Во еден од најважните мечеви оваа сезона, домашните пред своите фанови беа поразени од Олимпија Милано со 80:82 и тоа во еден драматичен меч и драматичен финиш.
Веднаш да кажеме дека во составот на гостите не беше пријавен Ненад Димитријевиќ, поради повреда.
Претходно Фенербахче со 92:82 успеа да слави над Асвел.