Нема што, како што беше во Скопје, така во недела ќе биде и во Копер. А ќе биде спектакл на квалификациската средба за пласман на ЕП 2026, меѓу Словенија и Македонија. Од Ракометниот сојуз на Словенија, се пофалија дека салата во Копер е распродадена за овој меч и дека билети едноставно нема.
Секако дека во недела од 18.30 часот, за кога е закажан почетокот на овој меч, нашите ракометари ги чека и тоа како жешка атмосфера во “Арената Бонифика“ во Копер.
Да потсетиме дека вчера во салата “Борис Трајковски“ пред 6.000 гледачи, Словенија успеа да победи со 26:32.