ЛЕ 1/8 финале – реванши: Бруно со хет – трик, Јунајтед во четвртфинале, таму се и Лион и Тотенхем!

113

Уф, каква ноќ на “Олд Трафорд“? Каков спектакл и победа на Манчестер Јунајтед против Сосиедад со 4:1 за пласман во 1/4 финалето. Ова беше реванш меч од 1./8 финалето во Лигата на Европа. Бруно Фернандеш со хет – трик, два гола од пенал, ама поведе Сосиедад исто од пенал преку Ојарзабал. За крај Дало во 90.минута за конечни 4:1.

Судијата покажа и четврти пат на белата точка,трет за Јунајтед, ама Доргму самиот призна дека немало пенал а тоа го потврди и ВАР.

Фантастична претстава на Јунајтед.

Во следната фаза се и Лион и Тотенхем кои славеа против ФЦСБ и АЗ Алкмар, а на мечот Ренџерс – Фенербахче ќе се играат продолженија.

РЕЗУЛТАТИ

ЛИОН – ФЦСБ (3:1) 4:0

(Микаутадзе 14.,47., Нумах 37., 88./)

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – СОСИЕДАД (1:1) 4:1

(Фернандеш (п) 16., (п) 51., 87., Дало 90./Ојарзабал (п) 10./)

РЕНЏЕРС – ФЕНЕРБАХЧЕ (3:1) 0:2

(/Шимански 45., 73.)

ТОТЕНХЕМ – АЗ АЛКМАР (0:1) 3:1

(Одоберт 26.,74., Мадисон 48./Копмајнерс 63.)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноЧелзи е разочаран од Санчо!
СледноЛК 1/8 финале – реванши: Бетис убедлив за пласман во четвртфинале, Челзи минимално ама доволно!