Меси повторно стрелец, Интер Мајами се пласираше во ЛШ на КОНКАКАФ (ВИДЕО)

101

Екипата на Интер Мајами е четвртфиналист во Лигата на Шампионите за КОНКАКАФ зоната откако синоќа со вкупни 4:0 го совлада јамајканскиот тим на Кавалирс.

Меси но и Луис Суарез по паузата од три меча повторно беа на терен, и обајцата беа стрелци во триумфот на Мајами. Мечот интересно се играше во главниот град на Јамајка, Кинстон, а самото присуство на Меси и на Суарез нормално предизвика еуфорија на целиот остров.

Во четвртфиналната фаза, Интер Мајами ќе се соочи со ФК Лос Анџелес, кој за возврат се справи со друг тим од МЛС против Колумбус Кру, победувајќи го со вкупен резултат 4:2.

Двојки за 1/4 финалето:

Интер Мајами – ФК Лос Анџелес

Ванкувер Вајткепс – УНАМ Пумас

Клуб Америка – Круз Азул

Тигрес – Лос Анџелес Галакси

 

ПретходноЛејкерски не можат без Леброн, ниту 45 поени на Дончиќ не се доволни за триумф (ВИДЕО)
СледноИсник Алими: Ќе патувам 30 часа, но ќе дадам се од себе за Македонија