Синоќа се случи нова историја во НБА лигата. На натпреварот против Сакраменто, Стеф Кари успеа да ја мине границата од 4000 постигнати тројки во кариерата. 36-годишниот супер-стар на Голден Стејт стана првиот играч кој стигнал до 4000 тројки во кариерата. Во 2021 година, Кари стана единствен кошаркар со 3000 тројки, тогаш соборувајќи го рекордот на Реј Ален од 2.973 постигнати тројки, а сега, четири години подоцна ја крена летвичката на 4000 тројки, рекорд кој засега изгледа недостижен за кој било друг НБА кошаркар.
„Тоа беше посебен момент бидејќи игравме дома. Кога го срушив рекордот на Реј Ален (2973) во Њујорк, тоа исто така беше одлично поради посебната атмосфера на Медисон Сквер Гарден, но овде настапуваме пред нашите фанови. Беше чуден натпревар, немав многу можности за три поени. Но, кога сето тоа се случи во третата четвртина, почувствував енергија, тоа беше посебно“, изјави Кари по натпреварот.