0
Реал Мадрид е заинтересиран за трансфер на Енцо Фернандез. „Кралскиот клуб“ ја разгледува можноста да тргне ова лето по 24-годишниот играч од средниот ред на Челзи и аргентински репрезентативец, што би можело да биде и најзвучното засилување за „белите“ во ппресрет на следната сезона.
Лондончани не сакаат да го продадат Аргентинецот, но тој самиот е многу заинтересиран да се пресели во мадридскиот клуб. Англиски „Тим Ток“ тврди дека Реал има и „Б“ план за Фернандез, доколку Челзи инсистира тој да остане. Имено, мадридскиот состав е подготвен да направи и „трампа“ во која на „Стемфорд Бриџ“ би го испратил Чуамени.
Челзи го купи Енцо за 121 милион евра од Бенфика во зимата 2023 година и тој има договор со „сините“ до летото 2032 година.