Лоик Мејард е победник на денешниот велеслалом возен во Хафјел, Норвешка. Второто место го зазеде Марко Одермат (+0.14), а трет беше уште еден Швајцарец, Томас Тамлер (+0.23).
Со над 35 години, Тамлер имаше можност да стане најстариот победник во оваа дисциплина, но заостана за една победа. Одермат по четврти пат го обезбеди Малиот кристален глобус во велеслалом, а исто така е носител и на четвртиот последователен Голем кристален глобус.
Во поредокот на скијачите во велеслалом, Одермат е прв со 500 бодови, втор е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 394 бодови, а трет е неговиот сонародник Стин Олсен со 346 бодови.
Одермат исто така води во генералниот пласман со 1.596 бодови и го обезбеди својот четврти Голем кристален глобус по ред, со што стана вториот скијач по Марсел Хиршер кој го постигнал ова.