Фиорентина го совлада Јувентус со 3:0 во 29. коло од Серија А. Со овој пораз Јувентус падна на петтото место и се повеќе се „тресе“ клупата на Тиаго Мота.
Веќе во 15. минута Робин Госенс погоди за водство на „виолетовите“ од 1:0, а само три минути подоцна домашните веќе имаа два гола предност. Фаџоли мајсторски додаде до Мандрагора, кој го погоди подалечниот агол за 2:0.
Гудмундсон ги постави конечните 3:0.