Се огласи и Меси: Тажен сум што нема да играм против Уругвај и Бразил! (ФОТО)

208

И дефинитивно светскиот првак, репрезентацијата на Аргентина во овој мартовски циклус во квалификациите за СП 2026 нема да може да смета на својот капитен Лео Меси кој е повреден.

Секако дека тоа е голем удар за селекторот Лионел Скалони, а самиот Меси се огласи на своите социјални мрежи со жалење дека нема да им помогне на своите колеги од репрезентацијата на овие два меча:

Тажен сум што ќе ги пропуштам овие важни натпревари против Уругвај и Бразил. Како и секогаш, и сега сакав да играм, но во последен момент се здобив со мала повреда, а тоа значи дека ќе треба да одморам. Ќе навивам и аплаудирам како и секој друг навивач на Аргентина. Ајде Аргентина“ напиша најдобриот фудбалер на сите времиња.

Image

ПретходноНа Лејкерси не им треба Леброн кога е тука Дончиќ, Денвер и без Јокиќ го победи Голден Стејт! (ВИДЕО)
СледноФеникс на крајот на сезоната ќе го отпушти Буденхолцер