Здружението на тенисери (PTPA), основано од Новак Ѓоковиќ, покрена правна постапка против управните тела во светскиот тенис. Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“.
Критиките се однесуваат на распоредот, системот на рангирање и контролата што постои кога се во прашање имиџ-правата на играчите.
Жалбата беше поднесена од PTPA и 12 играчи, меѓу кои и Ѓоковиќ, неговиот ко-основачки партнер Васек Поспишил и Ник Кирјиос – „во име на целата играчка популација“.
Со тужбата се бара крај на „монополската контрола“ на тениската сезона, како и финансиска компензација од АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА.
PTPA верува дека раководните тела функционираат како картел со тоа што склучуваат договори со турнири кои ги ограничуваат наградните фондови и ги спречуваат потенцијалните конкуренти да влезат на пазарот. Тие веруваат дека распоредот е неодржлив, трае 11 месеци во годината, попатно барајќи од играчите да играат на екстремни жештини или во раните утрински часови. Поради ова, играчите страдаат од сериозни повреди на зглобовите, лактите и рамото, бидејќи топките се менуваат во текот на сезоната.
ITIA е обвинета за нарушување на приватноста поради пребарување на телефоните на играчите поради сомневање за корупција и допинг.