Ти-Џеј Шортс во фокусот на Евролига!

87

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс продолжува со блескавите партии во дресот на Париз. Неговиот тим дојде до победа против Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ од 92-79, а плејмејкерот беше лидер и овој пат.

Шорт зад своето име запиша дабл-дабл од 24 поени и 10 асистенции, додаде шест скока, една блокада и две украдени топки.

Сето ова денеска посебно го одбележаа од Евролига, нарекувајќи ја неговата партија – монструозна.

ПретходноУште една тажна вест од светот на спортот: На 44 години почина Андрија Делибашиќ
СледноМакедонија У17 денеска против Шкотска