Еден тим веќе го чека Ненад Димитријевиќ со широко отворени врати!

1601

Македонскиот репрзентативец, Ненад Димитријевиќ на крајот на оваа сезона може да се раздели со Олимпија Милано, открија италијанските медиуми. Најдобриот македонски кошаркар не е задоволен од минутажата која ја добива во дресот на овој тим и тоа е главната причина поради која најверојатно ќе го напушти Евролигашот.

Нено и оваа, и претходните сезони ги покажа своите врвни квалитети. Па нема да биде тешко за да ја одбере најдобрата понуда. А кога сме кај екипите кои се заинтересирни за неговите услуги, во прв ред е Уникс Казан, клубот каде направи вистински напредок, беше лидер. Двапати беше прогласен за МВП и ја освои шампионската титула.

ПретходноЕден од најдобрите грчки ракометари ќе го засили ГРК Охрид
СледноУште една тажна вест од светот на спортот: На 44 години почина Андрија Делибашиќ