Шкупи си го „исплака“ својот Андреј Лазаров

1718

Денеска ФК Шкупи за прв пат тренираше по трагедијата во Кочани, во која загина нивниот играч Андреј Лазаров.

Со огромна тага, плач, и солзи во очите, играчите, стручниот штаб и менаџментот на клубот денеска се собра во соблекувалните на стадионот на Чаир и му оддаде почит на трагично загинатиот свој соиграч.

Дресот на Андреј Лазаров стоеше на неговото место. Дресот со бројот 77, засекогаш на Чаир ќе биде знакот со по кој Чаир ќе се сеќава на Андреј Лазаров, момчето кое што загина спасувајќи тужи животи.

ПретходноИталија без Ретеги против Германија
СледноОдложеното ВМФЛ коло се игра в понеделник