Воислав Мерџаноски е нов претседател на Шаховската федерација

190

Вчера во хотелот Континентал се одржа вонредно Изборно Собрание на Шаховската Федерација на Македонија. Собранието на кое присуствуваа 30 делегати на клубови со право на глас започна со едно минутен молк во знак на оддавање почит на починатите во трагедијата во Кочани.

После презентирањето на работата на УО и финанскиот извештај за 2024 година и нивното усвојување на Собранието своја кандидатура поднесоа двајца кандидати за претседател, Воислав Мерџаноски и Оливер Деркоски.

Со мнозинство од 18 гласови „За“, за нов претседател на ШФМ е избран Воислав Мерџаноски.

ПретходноПресврт: Ништо од Реал, Чаби Алонсо останува во Леверкузен!
СледноЛига Нации: Европскиот класик за Германија, убедлива Хрватска против Мбапе и другарите, Шпанија во 90+3.минута се спаси од пораз