И покрај тоа што се чини дека нема да ја одбрани титулата во Бундеслигата, а е елиминиран во ЛШ, сепак во таборот на Леверкузен има причина за задоволство.
Како што пишуваат медиумите во Германија, Чаби Алонсо со својата сопруга веќе пазарил куќа во блискиот Дизелдорф, а им наговестил на челниците на “фармацевтите“ дека најмалку и следната сезона ќе седи на клупата на сегашниот шампион.
Ова значи дека нема ништо од Реал Мадрид, барем не ова лето.
Инаку се напоменува дека Шпанецот има намера да прави реконструкција на тимот, а уште една добра вест за фановите на Леверлузен, е таа дека и Флоријан Вирц останува најмалку до јуни 2026.