СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 15:00 часот во Вадуц, Лихтенштајн ќе го одигра првиот дуел од Мундијалските квалификации против домашната селекција.
Нашиот национален тим пристигна вчера, а денеска по официјалната прес конференција ќе го одработи и единствениот, воедно и официјален тренинг пред утрешниот дуел.
Секако, според протоколот, иако нашата ситуација во моментов не е ниту за изјава, ниту за фотографии, ниту за било што со оглед на националната трагедија која не погоди, сепак, УЕФА правилата налагаат. Официјална прес конференција мора да има.
Па така, селекторот Благоја Милевски го најави утрешниот дуел со порака
„Значи сеуште ми е многу тешко да зборувам за се што се случи. Уште еднаш сочувство до семејствата на настраданите. Концентрацијата ве замолувам да биде на фудбалски прашања, затоа што во моментов ми е тешко да зборувам за било што друго освен за фудбал. Секако дека сме дојдени да ја продолжиме таа победничка серија. Но тоа можеме само да го направиме ако максимално се посветиме на овој меч и влеземе максимално влеземе во дуелот. Нормално дека ме радува што Елмас, Барди, и сите останати кои се во добра форма во моментов имаат добри игри во клубовите, но мора да се напомене дека истите тие и кога немаа минутажа клупска, имаа добри игри во репрезентацијата„ – изјави селекторот Милевски на официјалниот прес.