Кипар го “скрши“ Сан Марино на отворањето на квалификациите за СП 2026!

67

Кипар – Сан Марино 2:0 е епилогот од првиот меч од европските квалификации за СП 2026. Со овој меч во Ларнака, вечерва и официјално стартуваат квалификациите за претстојниот Мундијал на тлото на Европа.

Јасно беше и пред натпреварот дека домашните се фаворити, но не беше така лесно за фудбалерите на домашната селекција.

Првиот гол падна дури во 55.минута, а стрелец беше Питас. Конечно со голот на Какоулис во 86.минута за конечните 2:0.

Ова беше меч од квалификацската група – Х, во која се уште и селекциите на Романија, БиХ и Австрија.

ПретходноЛихтенштајн-Македонија: Имаме 10 победи, само едно реми и гол – разлика 42:5! Се сеќаваме и на тие 11:1! (ВИДЕО)
СледноФИФА го исфрли мексиканскиот Леон од Светското клупско првенство!