Аргентина му се одмазди на Уругвај (ВИДЕО)

104

Светскиот шампион Аргентина се наметна на врвот на квалификациите за СП 2026 во зоната КОНМЕБОЛ. Избраниците на Лионел Скалони победија на гостувањето кај Уругвај со 1-0 и имаат 6 бода предност пред второпласираниот Еквадор.

Прекрасниот гол на Тиаго Алмада му ја донесе победата на „албиселесте“. Играчот од средниот ред на Лион погоди во 68. минута. На овој начин Аргентинците му се реваншираа на Уругвај за поразот од 0:2 во Буенос Аирес на почетокот од квалификациите.

ПретходноПресврт: Салах и Ван Дајк остануваат во Ливерпул?!
СледноОбрадовиќ: Не се сеќавам на ваков лош меч!